Thursday, June 30, 2011

ОСНОВИ НА КОМУНИКАЦИЈАТА

Комуникацијата е основна човечка способност која се развила уште во дамнешни времиња. Кога се зборува за комуникацијата не станува збор само за вербална, туку и за невербална комуникација. Невербалната комуникација најчесто е изразена помеѓу луѓе кои се познаваат подолго време и често станува збор за некоја мимика, подигнување на рамениците, упатување на поглед и при тоа особата на која и е наменето да разбере што сакаме да кажеме. Но исто така невербалната комуникација добро функционира и на работното место бидејќи многу информации ги добиваме од луѓето доколку ги погледнеме.
По држењето на телото на особата на која сакаме да и соопштиме нешто можеме да сватиме дали е соодветно време да и го соопштиме тоа за кое сме барале средба или не е вистинското време. Секогаш мора да бидеме јасни во нашата комуникација дали е тоа вербална или невербална да не би пренеле погрешна информација до примачот. Не можеме да го вратиме зборот кој е кажан ниту пак можеме да се предомислиме кога правиме гестикулација која не е соодветна на вербалната комуникација. Секако може подоцна да се даде поконкретно објаснување за тоа што сте сакале да го искомуницирате, но постојат ситуации каде додатните објаснувања или пак промената на изјавата ја немаат истата сила како што е претходно кажаното.
Испраќачот пред се мора да знае што сака да соопшти и на кој начин сака тоа да го направи, да притоа на јасен и директен начин да ја испрати пораката. Доколу на некого сакаме да соопштиме дека сме на пример лути за нешто, нема да го соопштиме тоа со насмевка на лицето и олабавено држење на телото, туку ќе имаме крут став и намуртено лице.
A пак доколку сакаме да пренесем информација дека сме задоволни од нешто тоа ќе го направиме со насмевка на лицето, а положбата на телото ќе биде отворена и опуштена. Секогаш кога сакаме да пренесеме информација таа треба да биде јасно дефинирана да особата на која и е испратена да ја свати правилно, за да повратната информација биде позитивна или пак таа што ја очекуваме. Кога сакаме да му соопштиме на колегата да дојде на важен состанок во тој случај нема да мафтаме со рацете за да ја пренесеме саканата информација.
Потполната информација треба да биде таква да на вербален начин му дадеме до знаење што ќе се случува со евентуално укажување во кој правец ќе се одржи состанокот. Успехот во комуникацијата се должи и на одредени филтри како што е нашата моментална емотивна состојба, зошто кога сме лути или уплашени нема да имаме доволно трпение да укажеме на толеранцијата која е потребна, па пораката која иако не сме сакале ќе се соопшти поинаку.
Позицијата во која се наоѓаме, на пример ако стоиме далеку од личноста постои шанса не слушнеме што ни зборуваат, но секако и преблиското стоење до примателот на информацијата ќе се свати за погрешен став кон преносот на информацијата. Освен содржината на пораката која ја испраќаме, важен е и начинот на кој говориме, тука се мисли на бојата и тонот на гласот, мимиката на лицето и говорот на телото. Со еден збор вербалната и невербалната комуникација се подеднакво важни и меѓусебно се надополнуваат, нивната ускладеност е камен темелник на успешна комуникација.
Многумина на пример претпоставените мислат дека комуникацијата е остварена кога на некому ќе му се каже што да прави,  но комуникацијата е успешно завршена кога примателот на истата ја има точно сватено пораката на испраќачот. Секогаш се поставува прашањето дали примателот ја има примено пораката како што треба, но одговорот за тоа е обострана комуникација, или повратна информација од примателот. Повратната информација ќе каже дали дали примателот ја разбрал пораката или не и каде настанала пречка во комуникацијата и што треба да се 

No comments:

Post a Comment