Wednesday, June 15, 2011

ИЗВАДОЦИ ОД СУДСКИОТ ДЕЛОВНИК ЗА СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ

Извадоци од Судскиот деловник (неколку члена), кои се од корист при секојдневното работење на судските преведувачи. Пред сè членот 45 е важен, бидејќи кажува како треба да гласи текстот на заверката; значи ако некој до сега имал дилеми и недоумици, веќе нема потреба да ги има, текстот на заверката и нејзиниот изглед се утврдени од страна на Министерот за правда на РМ и тука не е дозволена креативност и свои сопствени верзии.
Судскиот деловник е објавен во "Службен Весник на Република Македонија" бр. 71 од 2007 година.




Член 43
Постојаниот судски преведувач има тркалезен пе-
чат во пречник од 33 мм, кој го содржи името Републи-
ка Македонија, презиме и име на преведувачот, ознака
- постојан судски преведувач, странски јазик за кој е
поставен за преведувач, назив на судот во кој е поста-
вен и неговото седиште.


Член 44
Постојаниот судски преведувач води дневник за из-
вршените преводи. (Образец бр. 9).
Постојаниот судски преведувач е должен совесно
одговорно и уредно да ја врши својата должност, и се-
кој извршен превод да го заверува со својот потпис и
печат.

Член 45
Заверката на преведувачот, која се става по изврше-
ниот превод носи број на дневникот под кој преводот е
заведен, датум, потпис и печат на преведувачот.
Текстот на заверката гласи:
“Тврдам дека правилно го извршив преводот од
___________________ на ___________________ јазик.
М.П.
Број ________________ ПРЕВЕДУВАЧ,
Датум ________________
___________________”
Текстот на заверката се пишува на македонски ја-
зик и на јазикот на кој е извршен преводот, со тоа што
на левата половина на листот е текстот на македонски
јазик а на десната половина текстот на јазикот од кој е
извршен преводот.


Член 46
Ако писменото што треба да се преведе содржи по-
веќе страници или листови, сите страници ќе се обеле-
жат со броеви, листовите ќе се сошијат и на крајот ќе
се утврдат на соодветен начин.
Секој лист од преводот носи потпис и печат од пре-
ведувачот.
Преводот е чист и непрецртуван, а имињата се пре-
несуваат дословно од изворникот.
Клаузулата на заверката се става под извршениот
превод.

Член 47
Претседателот на судот врши надзор над работата
на постојаните судски преведувачи, се грижи за нивно
уредно и навремено работење, а за утврдените недоста-
тоци во вршењето на работите го известува Мини-
стерството за правда.
Претседателот на судот им дава на преведувачите
помош за правилно извршување на работите, повреме-
но го прегледува Дневникот за извршените преводи и
заверки и за утврдените состојби составува записник.
Примерок од записникот се доставува до Мини-
стерството за правда и на преведувачот чиј “Дневник
за извршените преводи и заверки” е прегледан.
На огласната табла во основниот суд се објавува
списокот на преведувачите за подрачјето од тој суд
според азбучен ред и за секој јазик одделно.
Претседателот на судот на крајот од годината го из-
вестува Министерството за правда за состојбата и ра-
ботата на постојаните судски преведувачи, а доколку
оцени за потребно и во текот на годината.

No comments:

Post a Comment